Пет работи за кои луѓето жалат најмногу пред смртта

Една болничарка ги снимала со години најчесто споменуваните работи за кои тешко болните пациенти жалат на смртната постела.

И, спротивно на популарните очекувања, меѓу првите пет не се „жалам што немав повеќе секс” или „жалам што не скокнав со банџи”.

Не, човековите каења се најчесто поврзани со работата – како на пример „би сакала да не бев толку оптоварен/а со работа” …

Бони Вер е името на австралиската медицинска сестра, која долги години работи во сферата на грижа за терминално болни пациенти и снима нивни исповеди пред разделбата со овој свет. Ги собира грижливо и потоа ги објавува на својот блог, со што привлекува толку големо внимание, што конечно се одлучи да ги издаде во книгата “The Top Five Regrets Of The Dying”.

Она што Бони го забележува кај пациентите и што ја поразува, е извонредната јасност на умот и проникливост, која е присутна на крајот на животот. Сите можеме да учиме од нивната мудрост, убедена е таа.

А еве ги и петте најчести претсмртни жалења, објаснети од Бони Вер.

1. Посакувам да имав повеќе храброст во животот, да бев верен на себе, а не на очекувањата на другите за мене.

„Ова е  најчестото жалење. Кога луѓето сфаќаат дека нивниот живот е речиси завршен и кога ќе погледнат јасно наназад, најлесно гледаат колку соништа останале неисполнети. Повеќето луѓе не оствариле дури ни половина од своите соништа и морале да умрат со свеста дека причината за тоа е изборот кој сами го направиле (или не го направиле). Здравјето ни носи една слобода, која малкумина ја сфаќаат, додека не ја изгубат. ”

2. Посакувам да не бев толку оптоварен со работа.

„Ова го изустил секој пациент маж, за кого сум се грижела. Тие ги пропуштиле раните години на децата и комуникацијата со партнерката. Жените исто споменуваат дека жалат за тоа, но бидејќи повеќето беа од постарата генерација, голем дел од нив не работеле, за да се посветат на семејствата. Сите мажи кои сум ги гледала, длабоко жалат што имаат поминато толку голем дел од својот живот во потење за лебот. ”

3. Посакувам да имав повеќе храброст за искажување на чувствата.

„Многу луѓе ги потиснуваат своите чувства, за да имаат мир со другите. Како резултат се помируваат со еден медиокритет на постоење и никогаш не го постигнуваат во целост она што го сакаат . Многумина развиваат болести поврзани со акумулираната горчина и навредата која ја носат во себе. ”

4. Посакувам да ги одржев врските со своите пријатели.

„Често луѓето не сфаќаат колку се важни старите пријатели, додека не настанат последните денови кога веќе е тешко да бидат пронајдени нивните најдраги. Многумина дозволуваат животот да ги ротира, што вистинските и скапоцени пријателства  им исчезнуваат со годините. Имаше многу искрени жалења дека не им ги посветиле на старите другари времето и напорите што истите ги заслужуваат. На секој му недостигаат пријателите, кога се приближува  смртта. ”

5. Посакувам да си дозволев да бидам посреќен.

„Ова се среќава изненадувачки често. Многу луѓе не сфаќаат до самиот крај, дека среќата е прашање на избор. Притиснати се од стари навики. Навидум „удобните” модели на комуникација ги удавиле чувствата, и физичкиот живот. Стравот од промена ги тера да се преправаат дека се други луѓе, додека длабоко во душата копнеат да се смеат вистински и повторно да му ја дозволат во животот глупавата наивност. ”

Навистина, потребно ли е да чекаме да дојде крајот, за да размислиме за она што жалиме?

- Реклама -