Голотија сликана од височина

Фотографот Џон Крафорд во својата последна изложба насловена Aerial Nudes прикажува впечатливи прикази на гол маж, кои се фотографирани од голема височина.

Уметникот од Нов Зеланд ги снимил фотографиите на повеќе локации, притоа сликајќи го голото машко тело во одредено сценарио од природата. Ниедна фотографија не е случајно направена, туку сите се снимени во точно одреден момент, со што Крафорд сака да ја испрати пораката дека човекот не е сам на оваа планета.

Фотографиите се снимени на плажа, во природа меѓу животни, на паркинг и на многу други локации. Потребно е големо внимание за љубопитните очи на гледачите да откријат кој е скриениот момент заробен во сликата.

[Aerial Nudes]

- Реклама -