По рацете ќе те познаам

Ако облеката и шминката не се доволни за да го издадат карактерот, покажете ги вашите раце!

Сите сме слушнале за тоа дека ноктите издаваат црти од карактерот, боите кои ги носиме, и што ли уште не. Освен обликот на ноктите сепак, и формата на рацете зборува за тоа какви луѓе сме. Да видиме што вели.

Квадратна форма на дланка, кратки прсти

Овие раце им припаѓаат на практичните луѓе, кои ретко сонуваат за невозможни нешта. Дамите се одликуваат со сигурност, лојалност и флексибилност на умот. Лесно наоѓаат нови познати и не гледаат ништо лошо да претворат еден состанок во бизнис потфат. Високите очекувања сепак често се претвораат во повод за кавги. Понекогаш малку спонтаност не е лошо.

Квадратна форма на дланка, долги прсти

Ќе ги видите овие дами како го отсликуваат секој свој збор со гест. Импулсивни и емоционални се, се што прават го прават со леснотија, без никаков напор. Нивните интереси се различни, не ги сакаат рутината и ритуалите, вечно прават нови сензации, способни се на секакво лудило. Сакаат да комуницираат со луѓето, но и со компјутерите – всушност ќе се справат со секаква техника без проблем. Ако сте од оваа група, внимавајте да не ја потрошите енергијата брзо и редовно правете нешто за да ја смирите – медитацијата помага.

Издолжена форма на дланка, кратки прсти

Позитивни и добри организатори. Овие жени се возбудени од сè што е ново и непознато. За нив светот е театар – се чувствуваат непријатно без вниманието на другите и нивните емоции, тие имаат потреба од публика. Во срцето се деца. Сакаат да пробуваат сè самите, но тоа не значи дека не им веруваат на другите.

Издолжена форма на дланка, долги прсти

Овие дами страдаат од сомнежи и противречности. Тие се нежни, чувствителни лица и често се повлијателни од другите. Меѓу нив има многу креативни луѓе.Динамиката и адреналинот никако не ги возбудуваат и по можност се држат настрана. Имаат добро развиена интуиција. Често знаат кој ѕвони на телефон, без да погледнат, како и да го решат проблемот. Понекогаш се срамат од допирот. Внимателно ја избираат облеката и долната облека, за да не се покаже нешто како непрактично

- Реклама -