Има ли вистинска потреба за толку нервоза и жалење?

Навистина ли сте толку несреќни колку што тврдите? Ајде проверете!

Ако денеска сте се разбудиле здрави, значи имате повеќе среќа од 1 милион луѓе , кои нема да ја дочекаат следната недела.

Ако никогаш не сте доживеале војна, затвор, мачење или глад, сте посреќни од 500 милиони луѓе во светот.

Ако можете да отидете да се молите во храмот без страв од казна, сте посреќни од 3 милијарди луѓе во светот.

Ако во фрижидерот има храна, облечени сте и дотерани, имате покрив над главата и кревет во кој што ќе заспиете, вие сте побогати од 75% од луѓето во светот.

Ако поседувате банкарска сметка, пари во паричникот и центи во банка, припаѓате кон 8-те проценти обезбедени луѓе во овој свет.

Ако го читате ова, значи не сте од 2-та милијарди, кои не се писмени. Веројатно читате на екранот на компјутерот, што ве прави едни од 16-те проценти луѓе во светот, кои имаат пристап до интернет. “

- Реклама -