Еве како да им го вратите сјајот на старите чизми

Сигурно имате некој омилен чифт кожни чизми кој сакате да го сочувате што е можно подолго. Кожата на обувките често распукува, најчесто поради временските услови, како ветер, сонце, дожд, или пак од нерамните улици. Овие два едноставни трикови можат да ви помогнат старите чизми повторно да заблескаат или за им го продолжите векот на новите. Најдобро од се е што потребните состојки веќе ги имате во вашиот дом.

1. Вазелин

Вазелинот може да се употреби на многу начини, вклучувајќи го и одржувањето на кожните обувки. Најпрво, исчистете ги чизмите со сува крпа. Потоа, втриете мало количество вазелин на кожата. На крајот, исчистете го вазелинот со помош на мека крпа.

2. Евтин балзам за коса

Евтиниот балзам за коса содржи повеќе восок од оние поскапите, што го прави идеален за одржување и сочувување на кожата. Со крпа втриете мало количество балзам на чиста, сува кожа.

- Реклама -