Како би се роботизирале вие?

Киборзите посојат во популарната култура со децении од Cybermen во Doctor Who до Darth Vader, Borg и понатаму. А сега најпосле сме дојдени до точка каде кибернетичките надградби се достапни во вистинскиот живот.

Индивидуи како Џери Џалава и Кевин Ворвик веќе експериментираат со сопствените тела, тестирајќи ја иднината на човештвото. Кога кибернетичките надградби ќе станат комерцијално достапни, како би се надградиле вие? Во последните две децении масивниот мобилен телефон од половина килограм стана смартфон од 170 грама со сите елементи на личен компјутер.

Абсорбирањето на технолошки направи во нашите тела за подобрување на секојдневниот живот е неизбежниот следен чекор. Комерцијалните кибернетички надградби најверојатно ќе станат реалност во текот на нашиот живот. Еве неколку потенцијални надградби од првата генерација од кои ќе можете да изберете.

Embedded web interface

Се чувствувате изолирано кога батеријата на вашиот телефон ќе умре? Е сега никогаш нема да бидете сами (или да ви биде здодевно). Податоците ќе бидат испратени директно во вашиот мозок забавувајќи ве при најмалата мисла. Постојаниот тек на информации би го направил исклучувањето од интернетот многу тешко – но несомнено ова би бил првиот избор на милиони луѓе.

Fast twitch muscle stimulator

Сакате да ги подобрите вашите реакции? Сакате да скокате од покрив на покрив и да си го остварите сонот и да станете суперхерој и да бркате криминалци? Оваа кибернетичка направа би била тешка за создавање (неколку тест субјекти претрпеле сериозни повреди при калибрација) но мускулен стимулатор би можел да го претвори вашиот сон за професионален спорт да се оствари.

Мемориска надградба

Оваа надградба би била кибернетички еквивалент на додавање неколку гигабајти RAM во вашиот лаптоп. Проблемите со памтење на факти и информации би станале минато. Правењето одлуки и пресметки би станало полесно преку ноќ.

Напредна оптика

Многу луѓе би ја прифатиле шансата за подобрување на нивниот вид, а ако се додадат и опционални додатоци како дигитално снимање, зум и heads-up display (HUD). Овој имплант би бил лесно продаден на сите што се дел од first-person shooter генерацијата – важни информации, упатства постојано пред вашите очи.

Замена на било кој орган

Филмот Repo Men од 2010 се фокусира на здравствен систем подржан од лесно достапни механички органи. Не бирате да бидете киборг но откажувањето на витален орган ја прави таа одлука за вас. Наместо кибернетичка надградба за дополнителна способност или ново сетило можете да изберете резервен орган за подолг живот. [Which first-generation cybernetic enhancement would you choose?]

- Реклама -