Не се сите глупи, некои се и болни

Истражувачите од САД открија вирус кој го инфицира мозокот и ги прави луѓето глупави.

Вирусот, кој обично ги инфицира алгите, досега не е забележан кај здравите луѓе, но научниците открија дека може да влијае на когнитивните функции, вклучувајќи го и визуелното процесирање и ориентацијата во просторот.

Истражувачите од медицинската школа „Џон Хопкинс“, на универзитетот Мичиген, сосема случајно дојдоа до ваквото откритие, додека спроведуваа сосема неповрзана студија во врска со микробите во човечкото грло. Изненадувачки, тие заклучиле дека ДНК-та во грлата на здравите луѓе се поклопува со ДНК-та на вирусот кој ги инфицира зелените алги.

„Ова е впечатлив пример кој ни покажува дека микроорганизмите кои ги носиме во нас можат да влијаат на однесувањето и когнитивните способности. Многу од физиолошките разлики се енкодирани во сетот на гени кој ги наследуваме од родителите, меѓутоа, некои од овие разлики се дополнително изразени прекубројните микроорганизми кои се во интеракција со нашите гени“, вели д-р. Роберт Јолкен, вирологот на чело на студијата.

Од вкупно 90 испитаници, 40 биле позитивни на вирусот. Оние што го имале покажале полоши резултати на тестовите дизајнирани да ја мерат брзината и прецизноста на визуелното процесирање.

- Реклама -