Во 2006, медискиот могул David Geffen го продадe ремек делото на Џексон Полок со наслов No. 5 1948 за 140 милиони долари, со што оваа слика стана најскапо продадената во модерната историја. Погледнете ја галеријата на останатите 15 најскапи уметнички слики во светот.
Во 2006, медискиот могул David Geffen го продадe ремек делото на Џексон
Полок со наслов No. 5 1948 за 140 милиони долари, со што оваа слика
стана најскапо продадената во модерната историја. Погледнете ја
галеријата на 15 најскапи уметнички слики во светот.
Автопортрет од 1901 год. пред Пикасо да започне да експериментира со кубизмот и надреализмот. Интересен факт за Пикасо: неговото целосно име е Pablo Diego José Francisco de Paula Juan Nepomuceno María de los Remedios Cipriano de la Santísima Trinidad Martyr Patricio Clito Ruíz y Picasso. Wow. Инаку, оваа слика вреди 47.85 милиони долари.
Пикасовата Noces de Pierrette е од неговиот познат син период. Во времето кога е настаната сликата (1905), Пикасо се соочуваше со сиромаштија и загубата на својот пријател кој изврши самоубиство. Делата од синиот период се покажаа како исцелувачки за Пикасо во тој тежок период од неговиот живот, но и му ја донесоа славата и богатството во подоцнежните години. Вредноста на оваа слика сега е 85.7 милиони долари.
Овој триптих од необичниот ирски сликар Францис Бекон, кој е еден од водечките фигури во надреалистичкиот период, е со цена од 86 милиони долари.
Ова е најраното дело и единственото со религиозна тематика во оваа листа. Насликана во 1611-та Масакрот на невините ја прикажува библиската сцена од Евангелието според Матеј. Сегашната цена на ова ремек-дело е 91.9 милиони.
Во годината кога е настанат овој автопортрет (1988) Ван Гог го пресече своето уво. Денешната вредност на оваа слика е 94.6 милиони.
8. Dora Maar au Chat од Пабло Пикасо
Едно од најдобрите дела на Пикасо е овој портрет на неговата тогашна љубовница Dora Maar со мачка на рамото. Во времето кога е насликан овој портрет (1941) Dora Maar имаше 29 години и беше 26 години помлада од Пикасо. Моментална вредност на сликата е 101.8 милиони.
Момчето со луле е една од најскапите слики од Пикасо, продадена за 104.2 милиони долари, а сега нејзината вредност е 118.9 милиони. Момчето на сликата е едно од уличните забавувачи во Монмартр во Париз, кои често се субјекти на сликите од Пикасовиот црвен период.
Оваа вредна слика заврши во Музејот за современа уметност во Техеран и беше скриена од очите на јавноста заради владините правила за моралност. (147 милиони)