Џесика Маршал, сопственичка на цветното студио Мис Дизајн во Лас Вегас и Њујорк, споделува некои од своите трикови со цвеќиња за да го направите декорирањето на вашата куќа или стан со прекрасни цвеќиња лесно и едноставно.
1. Исечете ги стеблата на цвеќињата под агол од 45 степени, еден сантимерат од дното.
Ова веднаш ја зголемува површината за апсорбирање на вода, за вашите цвеќиња да бидат подобро хидрирани.
2. Користете филџан како вазна.
Не ги фрлајте цвеќињата со пократки стебла. Наместо тоа ставете ги во филџан за кафе или чај. Држете ги стеблата заедно користејќи ластик за коса за да не паднат до филџанот, а така и послесно ќе ја менувате водата.
3. Отворете затворени пупки брзо, ставајќи ги прво во топла вода, а потоа во ладна.
Откога ќе ги исечете цвеќињата како што е опишано во бр.1, ставете ги цвеќињт во стаклен сад со топла вода. По една минута, преместете ги цвеќињата во сад со ладна вода и оставете ги 20 минути. Цвеќињата ќе се отоврат во нивната максимална големина.
4. Направете состојка од вотка + лажичка шеќер за да ги одржите цвеќињата подолго.
Пред да ги ставите цвеќињата во вазна, додадете неколку капки од вотка и лажичка бел шеќер, кои го забавуваат овенувањето. Кога вашето цвеќе ќе почне да венее, додадете мала чаша вотка во водата и стеблата ќе бидат повторно исправени за ден или два.
5. Привлечно покажете ги во убави чинии за десерт.
Чиниите за десерт прават шик садови. Едноставно садот пополнете го со почва, полијте ја со вода и потоа ставете го цвеќето во горниот слој на почвата. Со тек на време ќе пушти корења. Не заборавајте да приската вода врз нив додека почвата не изгледа натопена.
6. Навонувајте ги вашите орхидеи со коцка мраз, бидејќи тоа е совршениот износ на хидратација.
Прво, ставете ја вашата орхидеја во саксија со почва, а потоа наводенете ја со коцка мраз. За поголемите орхидеи, употребете две коцки мраз неделно. Мразот се топи полека и дава бавна хидратација на орхидејата, за да не се преплави.
7. Направете мрежа со лента за да ги задржите вашите цвеќиња на место, користејќи плитка вазна.
За да спречите паѓање на кратките цвеќиња од плитка вазна, направете мрежа со водоотпорна лента за да ги одржите цвеќињата во место.
8. Ставете вазна во вазна со цел да ставите парчиња овошје во внатрешноста.
Најдете вазна која одговара во внатрешноста со друга вазна со половина сантиметар простор меѓу нив. Пополнете го поголемиот дел од просторот меѓу двете вазни со вода со исечени лимони. Ставете ги цвеќињата кои сакате да им дадете акцент во центарот на вазната и voilà!
9. Сушете ги цвеќињата закачувајќи ги наопаку во ладен простор.
Без разлика дали сакате цветен венец или букет што сакате да го зачувате, најдобриот начин да сушите цвеќиња е со врзување на краевите на стеблата со панделка и ставајќи ги да висат на шајка, кои ќе служат како декорација.
10. Ставете денар во вашата вазна за да го одржите вашето цвеќе свежо подолго.
Бакарот во металните пари работи како закиселувач, кој помага во спречување развивање на габи или бактерии.
11. Ако вашиот дом е во неутрални бои, обидете се да го украсите со потемни цвеќиња.
За да создадете дом соодветен за двата пола, обидете се со потемни цвеќиња.
12. Превтете ја главата од розата за лесно да ги извадите листовите цвеќе.
За релаксирачка бања, ставете ливчиња од цвеќе во кадата со топла вода и масло од роза, и ќе направи вашата кожа да биде мека и нежна, а цвеќето веднаш ќе го подобри расположението.
13. Направете виножито-аражман лесно со избирање на цвеќињата прво, редејќи ги во распоред по ваш избор, а потоа правење на букет од тоа.
Прво ставете ги поголемите цвеќиња како основа на букетот, потоа редејќи ги по големина. Трикот е во поставувањето на цвеќињата прво по боја, па сечење на дното па ставање во вазна.
14. Направете букет од рози редејќи ги едни врз други.
Почнете со ставајќи стебло во вазна, а потоа редејќи ги накосо до нив следните стебла, додека не ја наполните вазната.