15 музичари што се караа и тепаа на сцена (видео)

Музичките турнеи се заморни, заробени сте во комбе или автобус со истите луѓе, од ден во ден. Морате да си ја одработите работата професионално, секоја вечер, пред сала полна со луѓе, дури и кога сте болни, уморни, мамурни или кога едноставно не ви е до тоа. И згора на сé, морате да се соочите со секакви серковци, што во публиката, што меѓу снимателите, што во сопствениот бенд. Ништо чудно што кога тогаш ќе ви пукне филмот среде песна.

КОРТНИ ЛАВ

Еден од подобрите начини да си кретен е да купиш карта за нејзин концерт само за во рацете да држиш слика од нејзиниот мртов сопруг. Не дека Кортни Лав ја насочи ситуацијата во вистинскиот смер, ама тоа ти е.

ДЕЈВ ГРОЛ

Дејв Грол застана среде песна, за да му каже на типот што се тепаше во публика да одјебе. „На мој концерт не доаѓаш да се тепаш, туку ебено да играш, серко!“

GREEN DAY

Тантрумот на Били Џо Армстронг на iHeart Radio во 2012 е еден од полегендарните. Green Day мораше да го скрати настапот за да направи место за Ашер, а Били тотално откачи. Ги потсети присутните дека е на сцена од „ебена иљаду деветсто осумдесет ебено осма“ и дека „не е Џастин Бибер, дркаџии“, по што ја скрши гитарата (по неколку обиди) и го шутна микрофонот.

STAIND

Пејачот на Staind откачи кога некој од серковците во публика го искористи стејџдајвингот (она кога те носат на раце во публика) за да ја испофаќа малолетната девојка. И со право -ваквите, што користат гужва за да ги испофаќаат жените , се најголемите гомна на концертите, одма после тие што снимаат вертикални видеа.

NOTORIOUS B.I.G.

DJ Kap изгледа беше толку напраен лом што не знаеше една песна да истера без да ја заебе. Биги го гаѓаше со шише.

БИЛИ ЏОЕЛ

Степено на кул на ова видео – над 9999. Piano Man побесне заради тепачката во публика, го преврти клавирот, го искрши микрофонот и шутираше некого од публиката, без да прескокне ни стих од песната.

PEARL JAM

Некој од обожавателите на Pearl Jam од ’98 изгледа го помеша Еди Ведер со Фонтана ди Треви, па почна да му фрла ситни парички. Мораше вака да заврши.

QUEENS OF THE STONE AGE

Не е јасно дали и Џош Хом го гаѓаа со парички, ама и покрај тоа што имаше температура 39, до толку го извреѓа малиов, а на крај обезбедувањето дури и го поткрена за Џош да може да го гаѓа со што и да имаше во раката.

NICKELBACK

Чед Крогер го гаѓаа со камења, па се повлекоа од бината уште по втората отсвирена песна.

DISCHARGE

Некој клинец фрли шише на Рет Мартин. Овој се симна во публика и му пукна бокс право во фаца.

GUNS N’ ROSES

Па нема ваљда да поминеме без Ексл Роуз, кога постои цела колекција посветена на неговото пиздење, и тоа само од 1988 до 1993.

МАЈКЛ ЏЕКСОН

Кога сме кај GNR, Слеш не го боли уво кој си. Ако е среде соло, боље одјеби и остави го да го досвири. Дури и кога Мајкл Џексон проба да го натера да го прекине солото, Слеш продолжи да свири, а Кралот на поп музиката мораше да одигра до крај во лутина… демек, затоа што ова очигледно е испланирано. Ама пак, изгледа доволно badass за да го прошверцуваме во листава.

THE ATARIS

Кога бубњарот на Ataris свиреше далеку под нивото, си го доби цел сет од бубњеви во фаца, дел по дел.

SCREECHING WEASEL

Бен Визл. Помина децении градејќи база на обожаватели преку десетици совршени поп панк песни. Сé отиде во неповрат по концертов.

GARBAGE

Ширли Менсон го потсети мочкото во публика што плукаше на неа дека има моќ да им заповеда на сите мажи во публиката, плус и од нејзината екипа, да го претепаат плукачот како што никогаш во животот не бил претепан. И се чини така и бидна.

- Реклама -