Страста е енергија која не придвижува, која не држи исполнети со значење, среќа, возбуда и исчекување.
Страста е моќна сила во остварувањето на она кое сте го наумиле и кон кое сте се насочиле, и во доживувањето на работата и животот во потполност и во највисок степен.
На крајот на краиштата, страста е движечка сила која стои зад успехот и среќата која ни овозможува да живееме подобар живот.
Со цел да ве инспирираме да живеете подобар живот, ги споделуваме издвоените цитати за страста, а може да ги инспирира оние со кои ќе ги споделите истите.
1. „Секој голем сон започнува со сонувач. Секогаш запомнете, во себе ја имате силата, трпението, и страста да посегнете по ѕвездите за да го промените светот.“
– Хариет Тубман
2. „Нема да пронајдете страст во играњето мали игри- во помирување со живот кој е помал од оној кој сте способни да го живеете.“
– Нелсон Мендела
3. „Развијте страст за учење. Ако го направите тоа, вие никогаш нема да престанете да растете и напредувате.“
– Антониј Џ. Д’Анџело
4. „Страста е енергија. Почувствувајте ја моќта која доаѓа од фокусирањето на она што ве возбудува.“
– Опра Винфри
5. „Ако страста ве вози, дозволете причината да ги држи уздите.“
– Бенџамин Френклин
6. „Ние мора да ја одглумиме нашата страст пред да можеме да ја почувствуваме.“
– Жан Пол Сартр
7. „Очигледно е дека не можеме да ја објасниме страста на личност која никогаш ја нема искусено повеќе отколку што можеме да ја објасниме светлината на слепиот.“
– Т.С. Елиот
8. „Ништо не е толку важно како страста. Без разлика што сакате да правите во вашиот живот, бидете страсни.“
– Џон Бон Џови
9. „Не можеш да ја одглумиш страста.“
– Барбата Коркоран
10. „Мора да гориш од идеја, или проблем, или грешка која сакаш да ја поправиш. Ако не си страстен доволно од старт, никогаш нема да истраеш.“
– Стив Џобс
11. „Да, во сите мои истражувања, најголемите лидери гледаат навнатре и биле способни да раскажат добра приказна со автентичност и страст.“
– Дипак Чопра
12. „Ако се чувствувате дека постои ништо таму што би требало да го правите, ако имате страст за тоа, тогаш престанете да го посакувате и едноставно направете го тоа.“
– Ванда Скајс
13. „Ако не го сакате тоа што го правите, нема да го правите тоа со многу верување и страст.“
– Миа Хам
14. „Тоа должност на душата, да биде лојална на своите сопствени желби и копнежи. Мора да се напушти себеси за да ја совлада страста.“
– Ребека Вест
15. „Јас немам посебни таленти. Јас сум само страсно љубопитен.“
– Алберт Ајнштајн
За што сте страсни вие, и кој ви е омилен цитат?