15 градови кои мора да ги посетите во текот на животот

Се подготвувате за пат, а немате поим каде да одите попрво?

Ви претставуваме листа од 15 градови кои мора да ги посетите за време на вашиот живот. Најдобро е да ја испечатите листата, да ја пластифицирате, закачете ја со магнет на фрижидерот и започнете ја авантурата. Започнете до број 1, а кога ќе стигенте до 15, сигурно ќе бидете 5 до 10 години постари. И посреќни! Нека вашата авантура почне.

1. Венеција, Италија: Еден од најромантичните градови на светот познат по бројните канали на кои е изградена.

Venice

2. Њујорк, САД: Сакате да прошетате по улиците на кои Кери Бредшо ги покажа своите најнови Маноло потпетици? Само напред- разгледувањето на овој град никогаш нема да ви биде доволно.

3. Ласа, Кина: Ова е духовен центар на тибетскиот будизам сместен во срцето на Химелаите. Сместен е на височина и од таму овозможува незаборавна глетка на светот.

4. Рио де Жанеиро, Бразил: Без разлика дали сакате да парадирате на карневалот или само сакате да ја посетите статуана на Исус, овој град нема да ве остави рамнодушни. Go for it!

5. Лондон, Англија: За овој град не постојат оправдувања. Кој знае, можеби во живо ќе го видите кралското семејство.

London eye

6. Маракеш, Мороко: Се наоѓа во самото срце на државата, овој град нуди историско наследство за кое ќе бидат потребни најмалку две недели да го запознаете. Тесните улици и прекрасната архитектура ќе ве воодушеват.

7. Петра, Јордан: Иако сите за Петра мислат дека е само храм во карпа, тоа е многу повеќе од тоа. Петра се простира на неколку километри квадратни и покрај познатиот храм носи и бројни други археолошки наоѓалишта кои дефинитивно вреди да се видат.

8. Рим, Италија: Рим со Ватикан е центар на Католичката црква и со тоа е еден од најбогатите градови во светот. Познат уште од антиката, метропола која повеќе од 8 илјади години ги фасцинира посетителите со својата убавина.

Colosseo

9. Варанаси, Идија: Варанаси е еден од најсветите градови во светот. Град во кој филозофијата на животот е на друго ниво, и во кој реката Ганг е центар на животот, па и смртта.

10. Фиренца, Италија: Фиренца е град познат по уметноста и архитектурата и често е основа и школски пример за бројните книги кои говорат за историјата на уметноста. Не ја пропуштајте!

Sunset in florence italy wallpaper

11. Хавана, Куба: Ако сакате пури, музика и весел живот- Хавана ќе ве воодушеви. Старите автомобили и домашната храна се некои од работите кои сигурно ќе ги засакате во хавана.

12. Кјото, Јапонија: Кјото некогаш бил царска престолнина на Јапонија, што и денес може да се види по многуте обичаи и архитектурата која се наоѓа во градот. Запознајте ги чајните соби, градините и замоците кои се вистински симбол на Јапонија.

13. Ерусалим, Израел: Обично градот се дели на западен, кој е претежно еврески, и источен, што е претежно арапски. Во делот на источен Ерусалим се наоѓа и Стариот град кој е поделен во четири дела: муслимански, еврејски, христијански и ерменски.

14. Париз, Франција: Париз е град на добри кроасани, познатиот портрет на Мона Лиза, убавата Алфелова кула и еден од најголемите музеи во светот, Лувр. Тоа е само мал дел…

Paris france eiffel

15. Пекинг, Кина: Пекинг има многу традиционални кинески културни и исторски знаменитости. Најважен е Забранетиот град, комплекс на поранешната царска палата изграден во традиционален киленски стил.

 

- Реклама -