15 филмски ликови од вистинскиот живот (прв дел)

Повеќе... Се разбира, такви работи се случуваат само во филмовите: боксери кои победуваат кога шансите за тоа се најмали, супер-шпиуни отпорни на куршуми, археолози-авaнтуристи… Не постојат такви луѓе во реалниот живот, нели? Сигурно дека постојат.


Се разбира, такви работи се случуваат само во филмовите: боксери коипобедуваат кога шансите за тоа се најмали, супер-шпиуни отпорни накуршуми, археолози-авaнтуристи… Не постојат такви луѓе во реалниотживот, нели? Сигурно дека постојат.

Џон Меклејн од Умри машки 1-4 – (1988-2007)
Полицаец кој има редок талент да се најде на погрешно место во вистинско време.
Во реалниот живот: Ken Hammond
john_mcclane_ken_hammond.jpg
Додека Ken Hammond, полицаец од државата Јута се шеташе со својата бремена жена на денот на св.Валентајн, еден вооружен психопат започна да пука во оние кои во тој момент се најдоа во една продавница во Солт Лејк Сити. Hammond и кажа на својата жена да се скрие на безбедно место, потоа го зеде својот пиштол и помогна да се собори убиецот. „Го имав со себе мојот пиштол и помислив дека мора да преземам нешто. Без разлика каде се наоѓам – во мојот град или не – ако можам да заштитам колку што можам луѓе и да спречам убиство, морам да го направам тоа, едноставно морав да го сопрам насилството.“ вели Ken Hammond, кој за волја на вистината, освен оваа случка, нема многу заедничко со главниот карактер на Умри машки.

Капетанот Џек Спароу – Пиратите од Карибите (2003-2007)
Луд, ексцентричен пират со необичен вкус за облека, но беспрекорен вкус за жени.
Во реалниoт живот: John Rackham (Calico Jack)
jack_sparrow_jack_rackham.jpg
John Rackham, пират од 18 век, како со својата гардероба, така и со листата со љубовни афери може да го направи дури и Џек Спароу да му биде љубоморен. Бил во врска со пиратката Anne Bonny, која имала обичај да носи машка облека за да може да плови со неговиот брод и да плива. Но, за несреќа, за разлика од својата филмска замена тој не се вратил од мртвите: Британските авторитети го фатиле и го обесиле на Port Royal. Неговото тело било ставено во кафез и оставено да гние на гребенот Deadman.

Doc Emmet Brown од Враќање во иднината (1985 – 1990)
Научник со налудничави очи , опседнат со идејата за патување низ времето.
Во реалниот живот: Ronald Mallett
doc_brown_ronald_mallett.jpg
Ronald Mallett, професор на универзитетот во Кентаки, го изгубил својот татко кога бил дете, во 50-тите години на 20 век. Оттогаш, инспириран од новелата на Херберт Велс „Временска машина“ тој се посветил на идејата да го направи патувањето низ времето возможно. „Мислев дека ако направам временска машина, ќе се вратам назад во минатото, ќе го сретнам татко ми, ќе го предупредам за тоа што ќе се случи во иднината и ќе го спасам неговиот живот.“ Досега Mallett дојде само до идејата за ротирачки ласер кој го изобличува просторот.

Clarice Starling во Кога јагнињата ќе стивнат (1991), Ханибал (2001)
Храбра FBI агентка
Во реалниот живот: Candice DeLong
clarice_starling_candice_delong.jpg
Стерлинг може да и завидува на DeLong и на нејзината 20 годишна кариера во федералната служба. Како таен агент и криминалистички психолог таа следеше терористи, ловеше сериски убијци, дури помогна да биде фатен и Theodore Kaczynski (терорист познат и под името Unabomber). „Повеќето од агентите имаат одредена цел – да фатат бегалец од А класа, да уапсат опасен терорист или да спасат киднапирано дете. Јас ги направив сите три.“ – изјави DeLong откако се повече од службата.

Индијана Џонс од Индијана Џонс 1-4 (1981 – 2008)
Американски археолог кој се плаши од змии и може да украде артефакти од Нацистите.
Во реалниот живот: Hiram Bingham III
indiana_jones_hiram_bingham_iii.jpg
Hiram Bingham беше екстравагантен колку што еден реален археолог може да биде. Тој ја комбинираше неговата исклучителна интелегенција (дипломирал на Харвард, Беркли и Јејл) со страста за акција (бил пилот во Втората Светска Војна). Во 1911, Bingham бил на истражување на Андите, во потрага по изгубениот град на Инките – Мачу Пикчу, а напиша и бестселер. „Одеднаш ги здогледав ѕидините од срушените градби. Како што поминувале столетијата, тие делумно биле покривани со дрва и мов, но во сенка, помеѓу бујакот од бамбуси и ползавци се појавија ѕидините од бел гранит.“

Чарлс Фостер Кејн во филмот „Граѓанинот Кејн“ (1941)
Медиски тајкун, мегаломан со страст за млади девојки, големи куќи и детски санки.
Во реалниот живот: William Randolph Hearst
charles_foster_kane_william_randolph_hearst.jpg
„Вестите – нешто што некој не сака да биде објавено, сето друго е реклама“. Сликата за ликот во филмот е инспирирана од реален лик – тајкунот William Randolph Hearst. Филмот ги покажувба сите аспекти на неговиот живот: од пропаднатата кариера на политичар до неговата малолетна жена, филмот зборува и за неговите социјалистички погледи и неговата пространа палата на холивудското брдо.

Lara Croft Lara Croft: Tomb Rider (2001) Lara Croft: The Cradle of Life (2003)
Авантуристка со многу енергија.
Во реалниот живот: Sue Hendrickson
lara_croft_sue_hendrickson.jpg
Sue Hendrickson беше аматер трагач на фосили, (морски) археолог и истражувач. Таа ги откри фосилите од китови во Перу, пронајде 23 милиони години стари пеперутки, нуркаше во потрага по бисери на Карибите, откри египетско богатство во близина на Александрија, доби 400 години стара порцеланска вазна најдена во стара шпанска галија и во 1990 година го откри тогаш најголемиот скелет од тираносаурус. „Ја само го правам сето она за кое што сонува секое дете: ископувам скелети од динасоуруси, барам потонати бродови на морското дно.“ – вели Hendrickson. Меѓутоа, таа очигледно не носи костими припиени за телото.

Во вториот дел ќе можете да прочитате кои би биле реалните ликови на Дени од Единаесетмината на Оушн, Џејмс Бонд, Кум, Роки…

- Реклама -