Познатото прашање на перспектива, ама од многу повеќе агли

Оптимист: Чашата е половина полна!

Реалист: Да, тоа е чаша!

Маркетинг експерт: Ако ја флаширам  содржината во чашата и ја лансирам на пазарот како органски пијалок, ќе добијам на џек пот.

Заговарачи: Властите сакаат да не инфицираат од оваа вода, за да ни го контролираат разумот!

Нихилист: Не постои никаква чаша со вода, како што впрочем не постојам и јас самиот!

Песимист: Се разбира, оваа чаша е половина празна!

Идеалист: Ќе дојде ден, кога ќе добиеме бесконечна количина енергија од оваа чаша со вода!

Комунист: Таа „половина” припаѓа подеднакво на секој од нас!

Креатив: Хм, интересна маица може да се добие од оваа, половина полна чаша …

- Реклама -