Да се разбудиш во уметничко дело.
Ова им го нуди на посетителите хотелот Au Vieux Panier. Секоја соба во оваа зграда од 17 век е уникатна.
Една од нив е наречена соба за паника.
За нејзиното основање била употребена улична уметност, или поточно графити. Тие се насликани од уметникот Tilt, со тоа што едниот дел од собата е покриен со палета на бои, а другиот е целосно бел.
Au Vieux Panier располага со пет соби, дизајнирани од различни уметници.
Освен што можат да уживаат во своите соби, гостите можат и да се релаксираат на терасата на покривот, кој нуди панорамски поглед на градот.
Au Vieux Panier се наоѓа центарот на градот Марсеј, на 500 метри од старото пристаниште.