Кога се среќаваат старата и модерната архитектура

Во целиот свет убави згради изградени пред векови, се прикриваат од нови, повисоки и модерни облакодери.

Во некои од светските метрополи може да се видат убави примери за соживот на црква стара неколку века и ултра модерна деловна зграда со сјајна огледало фасада. Погледот може да биде чуден, но не е задолжително непријатен. Всушност понекогаш контрастот е убав. Погледнете неколку такви примери:

Модерната зграда Nextower и средновековна заштитна тврдина во Франкфурт

ar1(2)

 

Nextower е на 35 спрата и е завршена во 2011 година. Тврдината од 14 век до неа изгледа како џуџе, а некогаш таа била сметана за масивна и импозантна зграда!

Стариот и новиот мост на Сан Франциско еден до друг

ar2(2)

Стариот мост е отворен во 1936 година, а новиот во 2013 година. 80 години ги делат двата близнаци.

Центарот на Шангај

 

Облакодери и традиционални куќи

Црква Сан Францес, Шпанија

 

Таа е изградена во 18 век од францискански свештеници. Архитектот Дејвид Клозес и додал еден модерен влез.

Катедрала Нотр Дам Сајгон во Хо Ши Мин

 

Изградена е од Французите во 1880 година. Таа е една од ретките историски градби во модерниот град.

Bank of England во Лондон, опкружена со облакодери

r6(44)

Изградена е во 1734 година и една од најстарите активни згради на банки во светот. Околу неа сè е променето.

Куќа во Ајл оф Кол, Шкотска

ar7

 

Оваа куќа од 18 век е реставрирана во мешавина на два стила на две епохи.

Кралскиот музеј во Онтарио, Канада

ar8(1)

 

Историскиот музеј е изграден во 1914 година. Модерната зграда кон него е додадена во 2007 година.

Храм во Хонгконг во контраст со високите згради

ar9(1)

 

Овој храм е изграден во 20-тите години и е голема туристичка дестинација.

Црквата Сент Мери пред модерната зграда Геркин, Лондон

r10(27)

 

Геркин ги отвора вратите во 2004 година или околу 800 години по изградбата на црквата.

Водената кула на Чикаго

r11(15)

 

Таа е изградена во 1860 година.  Целта била да се собира вода за противпожарната служба. Денес тоа не е потребно, но зградата е сочувана.

Милано

ar12(1)

 

Милано има вековна историја, која се рефлектира во архитектурата на градот. По Втората Светска Војна изникнуваат се повеќе модерни згради крај историските згради од пред многу векови.

Црква Троица и зградата Хенкок во Бостон, САД

 

Кулата Џон Хенкок е отворена во 1976 година, кога била највисока во Бостон. Црквата е изградена во 1877 година.

Зградата на судот во Бостон

ar15

 

Ова е старата зграда на судот во Бостон. Изградена е во 1713 година. Денес таа е музеј.

Нанжинг, Кина

ar16

 

Градот е една од четирите антички престолнини на Кина. За време на монголската империја градот бил центар на текстилната  индустрија.

Њујорк, САД

ar17

 

Зградите се отворени соодветно во 1913 и 2011 година.

Брно, Република Чешка

ar19

 

Токио, Јапонија

r20(2)

- Реклама -