Го носиме ли минатото во себе?

Двајца монаси оделе по каллив пат, додека паѓал силен дожд. Кога стигнале до еден свиок виделе многу убава девојка во свилено кимоно која што не можела да премине огромен вир на патот.

Едниот монах ја повикал девојката, ја кренал на раце и ја пренел на спротивната страна. Потоа двајцата монаси го продолжиле патот кон храмот, само што другиот монах цело време молчел и не бил воопшто расположен.

Непосредно пред да стигнат во храмот, не издржал и го прашал:

– Ние, монасите, не се доближуваме до жени. А ти дури ја пренесе оваа девојка на раце!

На што првиот монах му одговорил:

– Јас ја оставив девојката на патот. Ти уште ли ја носиш во себе …

- Реклама -