Приказна од само шест зборови, што предизвикува бура од емоции

Најкратката приказна на светот има само шест зборови, а ќе ви го скрши срцето. Не ни верувате? Проверете сами.

Додека се уште бил сосема млад Ернест Хемингвеј наводно се нашол во друштво на колеги писатели и изјавил како може да напише целосна приказна, користејќи само шест зборови.

Останатите не му верувале, па одлучиле да ја направат ситуацијата интересна. Сите вложиле по 10 долари и се обложиле дека тоа не е возможно.

Ернест Хемингвеј зел салфетка од масата и на неа напишал шест зборови.

Не сакал да ги прочита на глас, туку ја дал истата на првиот колега крај себе.

Кружела од човек, до човек.

Кога сите ја прочитале, се согласиле дека шест зборови се апсолутно доволни за една приказна.

На продажба. Обувки за бебе. Неносени.

Иако според некои историчари нема докази дека Хемингвеј е навистина автор на овој „роман“ од шест зборови, едно е сигурно. Кој и да е, тоа се маестрално избрани зборови.

- Реклама -