Како се будат хороскопските знаци?

6,00 часот. – Девицата се разбудила и пред да се избања, го чисти целиот тоалет. Откако завршува со забите, ја става четката во стерилна кеса и на посебно место … далеку од четките за заби на останатите нејзините цимери!

6,15 часот. – Јарецот станува и го исклучува бојлерот, завршена е ноќната тарифа на струјата.

6,20 часот. – Водолијата излегува на утрински џогирање.

6,30 часот. – Вагата и Лавот пред огледалото едвај не стигнуваат до борба за хидратантна крема и гелот за коса.

6,40 часот. – Бикот појадува течно чоколадо со лажица.

6,45 часот. – Стрелецот станува и повторно го вклучува бојлерот!

7,00 часот. – Ракот прави сендвичи, Девицата ги пакува. Близнакот се уште е во кревет со смартфонот и проверува пошта, „Фејсбук”, „Твитер” и „Инстаграм”.

7,05 часот. – Скорпијата ја разбива вратата на бањата, Вагата излегува смртно навредена со несесерот во рацете.

7,10 часот. – Овенот станува и ја пушта стоперицата.

7,11 ч. и 45 сек. – Овнот е расонет, облечен и мавта од скалите. Ја исклучува стоперката.

7,15 часот. – Бикот со лажицата гребе по тегла. Нема повеќе течно чоколадо.

7,20 часот. – Вагата и Лавот повторно се соочуваат пред огледалото – последна шанса да се погледнат и да се израдуваат сами на себе, пред да излезат.

7,30 часот. – Водолијата се бања со ладна вода. Јарецот повторно го исклучил бојлерот.

7,40 часот. – Сите излегуваат.

7,45 часот. – Близнакот се враќа, заборавил еден од трите телефони.

7,50 часот. – Близнак повторно се враќа, заборавил го заборавил паричникот …

8,00 часот. – Рибата се буди и сфаќа дека ја оставиле заклучена во станот.

- Реклама -