Ким Јонг Ун се појави

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се појави јавно за прв пат по 40 дена исчезнување од јавноста.

Ова е првата јавна појава на севернокорејскиот лидер од 3 септември, кога тој присуствуваше на концерт. Неговото отсуство од прославата на 69-годишнината на владејачката Работничка партија предизвика многу гласини и шпекулации.

Според Корејската новинска агенција КЦНА, севернокорејскиот лидер направил прошетка за надзор на изградбата во нов станбен комплекс, изграден специјално во главниот град за научниците кои работат на програмата за сателити на Северна Кореја. Гледајќи ги фасадите на зградите украсени со разнобојни плочки, Ким изразил длбока сатисфакција, велејќи дека изгледаат прекрасно“,пишува агенцијата.

Таа не го прецизираше ниту датумот, ниту местото на кое што е направена посетата. Вообичаено сепак КЦНА пишува за таков тип настани ден откако се случиле. Ова не е прв случај кога шеф на Северна Кореја не се појавува јавно во текот на неколку недели.

Отсуство на Ким Јонг Ун, сепак е доста чудно, имајќи предвид дека откако дојде на власт, тој е насекаде и не пропушта ниту еден настан. Овој информативен вакуум веднаш беше исполнет од различни хипотези – од здравствени проблеми до државен удар.

Јужнокорејската влада сепак повикувајќи се на своите разузнавачки служби, изјави дека според информациите Ким Јонг Ун цврсто ги држи уздите на власта.

kim-jong-un-javnost-kompleks-04 kim-jong-un-javnost-kompleks-03

- Реклама -