Можете да започнете курс по „Дотраки“ – јазикот од „Игра на тронови“

Мислите дека сте виделе се? Не! Денес Дејвид Петерсон – човекот што го создаде јазикот на Дотраките од Game of Thrones, ќе ви покаже како можете да почнeте да го учите овој јазик. 

Сега си мислите „Тоа е измислен јазик. Каде ќе одам да го учам? “Точно, но постојат многу други измислени јазици кои што луѓето ги учат, само затоа што им е забавно, а не затоа што тоа ќе им донесе нешто корисно – клингонски (од Star Trek), различни јазици од Star Wars универзумот, елфскиот говор на Толкин (врз кој самиот тој работел долго време. измислувајќи азбука, зборови, граматика и така натаму …) и други. Па зошто да не и „Дотрашкиот?“

Погледнете кратко видео што ќе ви помогне да фрлите поглед на стратегијата на Петерсон за корените на јазикот, тоа од каде започнува и неговиот совет за првите чекори. Потоа погеледнете како можете да започнете еден таков курс: со апликација за телефон (Apple се ексклузивни, засега) или онјалн.

На крај во вашето CV можете во табелата за јазици да додадете и „Дотрашки“. Некоја кул фирма веројатно би го сметала за предност 🙂

- Реклама -