Од кого бебињата ги наследуваат очите, носот, висината?

Додека наслушнувате како клоца во мајчиниот стомак, идните родители често размислуваат за тоа на кого ќе наликува нивното бебето. Дали ќе има темна кадрава коса на тато или светла и рамна како мама? Дали ќе биде високo, ќе има прчлесто носе, долги прсти?

Но, дали навистина можеме да погодиме како ќе изгледа се уште нероденото дете?

ГОЛЕМИОТ НОС СЕ НАСЛЕДУВА

Генетичарите забележале дека големиот нос или која било друга впечатлива црта на физичкиот изглед често се пренесува од генерација на генерација. Така што и вашето дете со голема веројатност ќе наследи, на пример, кратки прсти на рацете, или искривен мал прст, палец кој штрчи на стапалата.

МОМЧИЊАТА НАЛИКУВААТ НА МАЈКИТЕ

Врежаното мислење дека девојчињата почесто наликуваат на татковците, а момчињата на мајките, научниците само делумно го потврдуваат. Момчињата наследуваат само еден Xхромозом од мајката, а тој е богат со гени кои што го одредуваат надворешниот изглед. Кај девојчињата ситуацијата е поинаква. Тие добиваат по еден Xхромозом и од мајката и од таткото, па затоа имаат подеднакви шанси да наликуваат и на едниот и на другиот родител.

baby-max_2183067b

ДАЛИ ЌЕ ИМА СИНИ ОЧИ?

Генот на темните очи е доминантен, додека оној за светли очи е рецисивен. Значи, ако бебето наследи ген за кафени очи од таткото и ген за сини очи од мајката, ќе има кафени очи. Меѓутоа, ако бебето наследи ген за сини очи од двајцата родители, ќе биде синооко. Сивата, зелената и другите бои на очи се резултат на покомплицирани генетски комбинации. Темнокосите луѓе, односно лицата со очи со боја на лешник, можат да добијат синооко потомство, но децата со кафени очи се сепак почести. Со голема доза на веројатност може да се каже дека двојките со сини очи ќе добијат деца со исти очи.

ДАЛИ ЌЕ БИДЕ НИЗОК ИЛИ ВИСОК?

Тешко е да се прогнозира колку детето ќе порасне. Сепак, практично е исклучено дека детето на родители кои се многу високи ќе порасне само 150 или 160 см. Значи, и тоа ќе биде високо. По правило, детето ќе порасне до средна висина меѓу висината на таткото и мајката. Но, доколку детето добро и здраво се храни во детството, ако многу се движи и има квалитетен сон, и при тоа во периодот на интензивното растење консумира доволно калциум, големи се шансите да ја надмине висината на своите родители.

Cry-baby

А КОСАТА?

Кога станува збор за наследување на бојата на косата, ако мајката и таткото се светлокоси, истата нијанса на влакна ќе ја има и нивниот наследник. Доколку едниот родител има темна коса, а другиот светла, косата на нивното дете ќе биде или темна или нијанса нешто помеѓу косата на мајката и на таткото. Но, сепак, треба да имаме на ум дека потомците на источните Словени во раното детство имаат светла коса и дури на 10-12 годишна возраст нивната коса добива нијанса која ќе ја имаат се до староста. Кадриците се доминантна карактеристика. Доколку еден од родителите има кадрава или барем брановидна коса, голема е веројатноста дека ќе ја има и нивниот потомок.

БРАТЧЕ ИЛИ СЕСТРИЧКА?

Дали ќе добиете братче или сестричка, зависи од тоа која клетка од таткото се споила со мајчината и зачнала нов живот. Половина полови клетки од таткото содржат Xхромозоми и нивното спојување со мајчините јајце – клетки доведуваат до раѓање на девојчиња, а другата половина од половите клетки од таткото содржат Y хромозоми и во нив е програмирано раѓањето на момчиња.
Зависно од тоа дали сперматозоидот со Xхромозом ќе биде побрз и ќе ја оплоди јајце – клетката или оној со Y хромозом, ќе добиете ќерка или син. Сите имаме подеднакви шанси да добиеме син или ќерка.

article-2540516-1AB3D51B00000578-227_964x884

И КРЕАТИВНОСТА СЕ НАСЛЕДУВА

Постојат научни докази за тоа дека бебињата го наследуваат музичкиот талент и коефициентот на интелигенција од родителите. Исто така, научниците сметаат дека речиси половина од карактерните особини, како интровертност, агресија или креативност, се вродени. Но, сепак, тоа не е така едноставно. Информациите во гените можеме да ги споредиме со рецептите за приготвување на храна. Две лица можат да приготвуваат исто јадење следејќи го упатството од ист рецепт, а сепак да добијат различни резултати.

Извор: Мајка и дете

- Реклама -