Доделена нобеловата награда за хемија

Американците Ерик Бециг и Вилијам Мернер и германскиот научник Штефан Хел ja освоија Нобелова награда за хемија, за откривање нови методи со чија помош микроскопите ќе можат да прикажуваат поделикатни детали за разлика од досега.

Тројцата научници добија признание за развојот на флуоросцентен микроскоп со супер резолуција, кој според шведската Кралската академија на науки ја надминува максималната резолуција на традиционалните оптички микроскопи.

„Нивната иновативна работа ја донесе оптичката микроскпија во нанодимензија”, соопшти академијата.

Бециг (54) работи во медицинскиот институт „Хауард Хјуз” во Ашбурн, Вирџинија. Хел (52) е директор на институот за биофизичка хемија „Макс Планк” во Гетинген, Германија. Мернер (61) е професот при универзитетот Стенфорд во Калифорнија.

n

- Реклама -