6 вежби за раце кои работат подобро од склекови

Вежби за горниот дел од телото и за тонирање и затегнување на вашите раце.

Не е лесно да се направат совршени склекови. Наместо да вршите напори да ја направите оваа вежба совршено, пробајте ги овие потези дизајнирани од Челзи Донан, персонален тренер и инструктор со уверение од Националната академија за спортска медицина во Њујорк, за да ги тонирате вашите раце подобро и од склекови. Завршете секоја од следниве вежби по ред од времетраење од 45 до 60 секунди. Направете три серии за вистински да ги согорите масните наслаги.

1. Мечкини канџи: Започнете ја оваа вежба со позиција за склек. Држете ги вашите колкови ниско, движете се правејќи неколку чекори со рацете и нозете напред и назад низ собата.

2. Трицепс склекови: Седнете на подот и навалете се наназад, држејќи се за рацете, прстите свртени накај вашето тело. Потпирајќи се на рацете подигнете ги колковите во маса позиција. Држете ги стомачните мускули стегнати, наваелте ги вашите лакти. Паузирајте, а потоа подигнете во почетната позиција. Ставете ги вашите нозе на стол или клупа за да ја направите потешка вежбата.

3. Подигнување планина: Застанете со нозете раширени колку вашите рамења, и ставете ги рацете на подот малку оддалечени од вас, држејќи ги колковите високо. Тогаш, свиткајте ги лактите странично додека полека ја навалувате главата нанапред кон подот. Паузирајте, а потоа подигнете се во почетната позиција.

4. Удари: Застанете исправено со нозете раширени колку вашите рамења и вашите коленици малку свиткани. Подигнете ги рацете пред вас на ниво на вашата брада. Стегнете ги стомачните додека удирате нанапред со десната рака, вртејќи ја половината и рамењата за екстра сила. Веднаш вратете ја раката назад и направете го истото со левата рака. Продолжете со наизменично и брзо темпо. Употребете тегови од 1 или 2 кг за поголем ефект.

5. Кругови со раце: Застанете исправено со нозете во ширина на рамењата и десната нога свиткајте ја под агол од 90 степени, со рацете испружени на страна. Бавно и контролирано, правете кругови нанапред со вашите раце околу 45 до 60 секунди. А потоа обратно околу 45 до 60 секунди. Сменете ги нозете и повторете.

6. Истегнување на рацете и допирање на рамото: Започнете во позиција за склек, со зглобовите под рамењата. Вашето тело треба да формира права линија од глава до пети. Стегнете ги вашите стомачни мускули и истегнете ја десната страна нанапред и држете ја така 10 секунди, а потоа додека ја враќате допрете го левото рамо. Повторете со левата рака и продолжете наизменично.

- Реклама -