Празникот на кој автомобилите, сексот и кожените чевли се забранети

Дваесет и четири часа еднаш годишно нема автомобили на патиштата во Израел. Авионите, возовите и сите видови јавен транспорт, исто така не се движат во чест на Јом Кипур, познат како Ден на единството.

На радио не се слуша музика, телевизијата го запира своето емитување, сите продавници и установи остануваат затворени. За еден ден Израел личи на сцена од постапокалиптичен филм. Во целата земја загадувањето на воздухот паѓа за неверојатни 99% – на некои места речиси е елиминирано присуството на азотни оксиди во атмосферата, кои се содржат во емисиите на моторните возила.

4(713)

 

Жителите имаат корист од овој ден и излегуваат на прошетка со своите велосипеди, ролери и скејтборди. Всушност, возењето на Јом Кипур не е забрането. Меѓутоа, сите се воздржуваат да го прават тоа, бидејќи е во спротивност со традицијата. Освен тоа токму на овој ден е особено опасно, бидејќи на улиците има многу деца и семејства.

За Денот на единството постојат и други забрани. Како што се сите физички задоволства, вклучувајќи го и сексот, а исто така и носењето на кожени чевли и миењето на кој и да е дел од телото, меѓу кои што и забите. Овие ограничувања не се наметнуваат од законот, но се почитуваат од сите, со исклучок на службите за вонредни ситуации или при закана за животот или здравјето.

2(812)

 

Посетата на Израел за време на Јом Кипур може да биде не само надреалистично искуство, туку и опасно. Нема да успеете да најдете отворен ресторан, а во хотелот ќе ви пречека минимален персонал.

Ова е најголемиот израелски празник, на кој се простуваат гревовите. Оваа година празникот беше на 3 октомври.

- Реклама -