Инспирација за домот: Капите како декорација

Ако и вам ви се допаѓаат капите како моден додаток, многу веројатно е дека имате завидна колекција од нив.

Кој е вистинскиот начин да ги чувате?

Веројатно ви се „обесени“ на некоја закачалка во плакарот, или скриени зад вратата, па затоа ви ги претставуваме на еден поинаков начин на распоредување.

Нашиот денешен 365проект за домот се вика: Инспирација, организација, декорација!

Тие можат да бидат закачени на ѕидот,  како начин за чување од една страна, а од друга – како декорација за домот и уметност.

Се што ви треба е празен ѕид во спалната соба, дневната или ходникот и неколку големи закачалки! Капите имаат толку многу карактер и индивидуалност, па зошто да ја потценуваме нивната убавина?

b7023ecba3fa6c7817233505706f39b9 a1b698aac80f9eadb7bf26f5a2749896 86255d95c00f82a0fa4de85c1ca43c43 0424dd10aff3725dc6ae3d0fedb68bbd 097d3de0b02cc97090b45dc015e90558 49b2b6721f960f0e1421b236bfb7b2f2 8a4d666b2d56bc5a77fedb901a7070a5

- Реклама -