Повторно проблеми при снимањето на „Играта на престоли“ во Хрватска

Се појавија нови проблеми околу снимањето на популарната серија.
Откако неодамна се појави вест дека снимањето на мега серијата наидува на проблеми….

Прочитај повеќе: Шок на снимањето: „Game of Thrones“ плива во измет, влошки и кондоми

…повторно се појави проблем, овој пат со статистите,  пренесува Дневник.хр.

Имено, петтата сезона од популарната серија се снима во Дубровник. Освен што тоа е одлична промоција за градот, за граѓаните е добра можност за заработувачка, но постои еден проблем.

„Дуровачки дневник“ пишува дека интересот за статисти во Дубровник е огромен, но статисти и понатаму се бараат. Причината е во тоа што продукцијата се бори да најде луѓе на кои што ќе им одговараат костимите. Доколку сте заинтересирани се уште можете да се пријавите за статист, но на ум морате да имате дека жените не смеат да бидат повисоки од 170, а мажите од 190 сантиметри. Предност имаат статисти со природна боја на коса.

Можете да се пријавите на следниот линк.

- Реклама -