Декодиран „таен“ код: 5 „SMS“ пораки кои не се такви како што звучат

Во оваа дигитална ера и не е така едноставно да се одржува мирот и спокојот во врската или бракот. Со помош на технологијата вие сте постојано достапни, видливи, и изложени на можни притисоци преку текстуалната (SMS) комуникација. Но, понекогаш и не е така лесно да се насети вистинската емоција или цел која ја кријат навидум кратките и едноставни пораки. Во продолжение се обидуваме да ви дешифрираме неколку чести SMS-и кои знаат да ги испратат луѓето во врска:

1. „Дали го прошета кучето?“

Значење: Кога работиш од дома или имаш слободен ден, тотално не можам да се потпрам на тебе. Знам дека кучето е нервозно бидејќи не си го прошетал цел ден, но, сеедно, ти ја испраќам поракава како потсетник дека треба да го направиш тоа. Така и се договоривме!

2. „Ми недостигаш…“

Значење: А јас на тебе? Се прашувам што правиш во овој момент, каде си и со кого, но, не сакам да изгледам како опсесивна личност. Затоа решив да го скршам ледот. А сега одговори ми.

3. „Добро“ (или „ОК“).

Значење: Не, не е добро, ужасно е. Немој во никој случај да си се осмелил да го направиш тоа што си наумил. Во спротивно, ќе го почувствуваш мојот гнев кога ќе се видиме.

4. „Што ќе јадеме после работа?“

Значење: Во фрижидерот нема речиси ништо, треба да се пазари. А и така сум уморен/а, кој ќе готви? И кој ќе ја чека храната додека да биде готова? Ајде да излеземе некаде надвор да јадеме или едноставно да нарачаме пица.

5. „Кога ќе дојдеш дома?“

Значење: Касниш веќе 28 минути и 15 секунди, се олади ручекот. Се обидувам да имам разбирање за густиот сообраќај, но, веќе ми доаѓааат темни мисли на памет. Да не ти се случило нешто? Сепак утрово врнеше дожд. Или пак, да не си продолжил некаде во кафана после работа? Само ако си се вратил покасно!

- Реклама -