Средношколци во здолништа против сексизмот

Стотици средношколци од 27 училишта во францускиот град Нант облекоа здолништа и на тој начин го кренаа својот глас против сексизмот. Оваа акција беше дел од иницијативата „Крени го здолништето“, чија цел е подигнување на свеста за дискриминацијата со која секојдневно се соочуваат нивните ученички.

Учениците дошле во училиштата во здолништа, за да испратат порака за родова рамноправност, а кампањата ја поддржале и нивните професори и професорки.

Сепак, не се сите толку наклонети на овој потег: десничарската група Manif pour Tous, која беше организатор и на минатогодишните протести против легализација на истополовите бракови, е „потполно згрозена од овој моден испад“ на средношколците. Околу 200 поддржувачи на оваа група ги нападнале учениците на училиштето Lycée Clemenceau и полицијата морала да интервенира за да не дојде до повеќе инциденти.

- Реклама -