Доделени се наградите „Златна камера 300“ на 35-тиот по ред ИФФК „Браќа Манаки“. „ Нека ни е честито 35-тото издание на Манаки филмскиот фестивал“ – со овие зборови организаторката Лабина Митевска ги поздрави присутните на балканскиот „Кан“ во Битола, што годинава се пофали со присуство на дури тројца оскаровци од светската филмска сцена“.
Како главна ѕвезда се појави прекрасната Жулиет Бинош, како и филмките директори на фотографија Крис Менџис и Лука Бигаци.
Француската актерка Жулиет, една од најдобрите во својата професија во Европа, ја доби наградата „Златна камера 300 за особен придонес во Светската кинематографија“, по што изрази огромна благодарност до кинематограферите со кои има соработувано, а еден од нив е и Лука Бигаци.
„ Режисерите не водат низ целиот филм, но првата врска меѓу нас актерите и публиката се токму кинематографите. Тие толку многу работат, што немаат време за во тоалет“, изјави Жулиет.
Таа е позната по многу улоги во својата кариера, но интернационална слава постигна со улогата во „Чоколадо“. Во своето обраќање, Жулиет објасни зошто ги сака филмовите:
„ Ако некој ме праша зошто правам филмови, морам да кажам дека не е поради прекрасните улоги и можности да се изразам себе си, туку за да ја пронајдам вистината“.
Наградата „Специјална златна камера 300“ ја доби киноматограферот Лука Бигаци, додека „ Златна камера 300 за животно дело“ отиде во рацете на директорот за фотографија Крис Меџис.
На црвениот тепих имавме можност да ги видиме и актерот Раде Шербеџија, како и режисерот Столе Попов, чиј што филм „ До балчак“ ќе ја добие својата премиера утре на фестивалот.
ИФФК „Браќа Манаки“ го отвори претседателот на Македонија и покривител на фестивалот, Ѓорѓе Иванов.