Виц: Паметните јаболки

Патувале двајца луѓе во воз. По едно време едниот извадил огромен сендвич со путер, шунка и француско сирење и почнал да јаде, задоволен.

Другиот извадил само  јаболка.

 По едно време првиот прашал:

– Ти зошто јадеш само едноставни јаболки?

А другиот одговорил:

–  Види овие јаболки воопшто  не се едноставни. Јадеш ли една, веднаш стануваш попаметен.

– Продади ми тогаш едно јаболко!

– Добро, но  скапи се – 3.000 денари едно.

Првиот патник се согласил да ги даде парите и почнал да го јаде јаболкото. Колку повеќе јадел, толку повеќе размислувал. И конечно рекол:

– Чекај.  Јас за тие пари можев да си купам цел вагон со јаболки!

– Ах, гледаш ли како започна да стануваш попаметен?

– Во право си! Дај уште едно!

- Реклама -