Брзи мекици

Денешниот рецепт за мекици, го пронајдовме на еден форум, па  го пренесуваме онака како што стои запишан таму. За да го подготвите овој рецепт, потребно е:

1 кг. брашно,

1 коцка квасец,

1-3 лажички сол (по вкус),

топла вода за замесување,

масло за пржење.
Подготовка:

Квасецот се става во малку вода да се стопи. Се замесува тестото со лажица, бидејќи треба да биде многу меко. Едноставно да изгледа како течно, но не премногу. Се остава да стои околу 10-15 минути, но не повеќе. Маслото се загрева и се вади од тестото по една лажица и се става да се пржи. Можеби ќе ви изгледаат доста тврди на почеток, само оставете го малку ќе бидат многу меки. Не е потребно да се става како во некои рецепти ракија или пециво, ќе бидат многу меки и без тоа и нема да впиваат масло.

- Реклама -