Охрид прекрасен, но Билјана и платното останаа во легендите

„Луѓето во Охрид се гостољубиви, водата во езерото ја менува бојата во текот на денот, пастрмката се шверцува од Албанија“ – пишува  Б92.

Наспроти изјавите на угостителите и туристичките организации, па и на градоначалникот Бакарчевски, дека цените во Охрид се претерано високи, српскиот познат интернет портал  вели: „Кога ќе кажете Охрид, веднаш помислувате на неговото езеро, многубројните цркви, на прочуените бисери и се разбира на изворите, каде што некогаш, како што кажува песната – Билјана платно белела.

И денес има бисери и плажи на езерото, Охрид е преполн со цркви и манастири, но Билјана и платното останаа во легендите. Наместо со секогаш убавите охридски девојки кои на изворите белеле платно, сега, кај изворот е преполно со туристи и со мештани кои се грижат за своето здравје, затоа што голтка студена изворска вода е мевлем за душата и телото, пишува Б92.

Читателите на порталот на Б92, за разлика од многуте критики кои и оваа година се насочени конј Охрид, се многу задоволни од својот престој во туристичкиот центар.

Според српските граѓани што го коментираат овој текст, Охрид е поевтин од Белград.

– Прекрасно езеро, луѓе фантазија, цени надреално ниски, природа како од бајките… пишува читател.

– Цените се одлични, можеби е малку поевтино отколку во Белград. Има некои места што се скапи, но сопственикот на апартманот, на време ме предупреди да не одам таму. Јас на 10. август добив одлично студио 2+2 во центар за 25 евра…

– Бев на летување во 2009 г. Преубаво место, преубаво езеро, Стариот град фантастичен, бојата на водата како на море. Македонците љубезни, услугата добра, цените тогаш беа ниски, се’ е поевтино отколку во Србија, коментираат читателите на Б92.

- Реклама -