500 девојки во 3 минути

Признаваме видеото подолу навистина нè натера да  уживаме.

Ве очекуваат три минути со најдобарата, најчувствителната анимација на светот, која се осмели да оживее  на вешт  начин, 90 портрети на жени, насликани во текот на 500 години.

Видеото е создадено од сајт за онлајн аукција на дела од современата уметност, па дури и да не сте бескрајно запалени по сликарството и графиката, ќе познаете минимум десет класични слики, светкави во постојано менување, каде женската убавина е детално насликана.

Ако воопшто можеме да најдеме некаков недостаток во селекцијата, тој е во малиот факт дека најстарата од сликите всушност не е на жена, бидејќи претставува икона со архангел од Новгородската школа (ХІІ в., Русија). Но зар во секоја од нас не се крие по еден ангел? На позадината на заносната сарабанда на Бах, отсвирена со виолончело на Јо-Јо Ма, сето ова е како допир до една од најсуштинските тајни на светот.

Гледајте го прво видеото, а потоа можете да проверите тука колку од вклучените 90 дела сте препознале.

- Реклама -