Вага што ја црта вашата тежина

The Weight Recorder е вага што ги снима промените во телесната тежина за време на одреден период, цртајќи ги на диск што го претставува поминатото време од животот.

Станува збор за направа што содржи механичка вага со компас што го држи моливот и црта линии на белата хартија поставена на статистичкиот дел. Кога се качувате на вагата, компасот се врти и црта лак. Радиусот на компасот може да се поместува при секое следно користење и на тој начин, на крајот ќе добиете целосна „животна патека“ на вашата тежина.

Вагата ги таргетира и бремените жени, кои сакаат на некој начин да ја зачуваат убавината на бременоста, односно растењето на еден нов живот во нив. Обично трудниците ги користат ултразвучните фотографии за да го проверат растот на бебето, но на тој начин мајките не може да го почувствуваат фактичкото растење на бебето. Идејата на The Weight Recorder е буквално мајката да може да го доживее развивањето на бебето додека е во нејзината матка.

- Реклама -