Логичка задача на Лав Толстој која ќе ви го тестира начинот на размислување

Го прифаќате ли следниов предизвик?

 Обидете се да ја решите приложената подолу задача, како чиј што автор се појавува Лав Толстој. Се смета дека тој ја измислил за вториот клас  во црковно училиште.

Генералното мислење е дека можат да ја решат само 30% од средношколците, 20% од учениците и само 10% од вработените во банкарски и финансиски институции.

Имате 1 минута за давање на точен одговор.

Продавач продава капи. Една капа чини 10 рубљи. Доаѓа маж  и сака да купи една, но има само една банкнота од 25 рубљи. Продавачот го испраќа човекот со овие 25 рубљи кај сосед да ги размени за поситни. Момчето се враќа и носи 10 + 10 + 5 рубљи. Продавачот му ја дава шапката му враќа 15 рубљи. По некое време доаѓа сосетката и вели дека оние 25 рубљи се лажни и си ги сака назад парите. Што да прави? Продавачот збунет од касата ги враќа парите.

Прашањето е: За колку е излажан продавачот?

Ќе најдете одговорот подолу …

Задачата на Лав Толстој, која ќе провери начинот на размислување

Продавачот имал капа и немал пари. 25-те рубљи тој ги добил разменети и во тој момент имал +25 рубљи. Од нив кај него останале 10, бидејќи 15 му вратил на купувачот и му ја дал шапката. Жената дошла и побарала  25 рубљи. Бидејќи продавачот на капи е во плус за 10 рубљи, тој мора да додаде уште 15.  Т.е. Неговата загуба е 15 рубљи и една капа.

- Реклама -