14 жртви од тајфун на Филипините

14 лица станаа жртви на тајфунот Копу, што ги зафати Филипините, соопштија локалните власти.

Тајфунот Копу што ги погоди Филипините, предизвика поплави и лизгање на земјиштето
Тајфунот Копу што ги погоди Филипините, предизвика поплави и лизгање на земјиштето

Седум лица се удавиле откако моторниот чамец се превртел во разбрануваното море, пренесоа агенциите. 32 лица биле спасени, додека двајца уште се сметаат за исчезнати.

Тајфунот Копу кој ги погоди Филипините, предизвика поплави и земни свлечишта во северниот дел на земјата. Над 15 000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

- Реклама -