Пиета- модна линија креирана од затвореници

Пиета е моден бренд кој е роден на едно необично место – во затворите во главниот град на Перу, Лима. Станува збор за дрзок, независен и спонтан проект кој нуди алтернативен концепт на мода далеку од диктатот на маркетингот – бренд кој под влијание на контракултурата одбива да им подлегне на општествените норми посветени на големата потрошувачка.

Брендот нема лого, ниту облеката има стандардна големина. Едноставно, важно е само да се направат кул парчиња облека.

Проектот е роден во еден затвор во Лима и успешно е проширен и во останатите затвори. Цели колекции се изработуваат исклучиво во затворите, без каква било дополнителна помош. Модели се самите затвореници. Со изградбата на овој бренд им се дава шанса на затворениците, кои најчесто се препуштени самите на себе, да заработат нешто и побрзо да се рехабилитираат или барем да го пополнат затворскиот ден со некаква содржина и активности.

Целата облека на Пиета е креирана од затворениците кои кројат, плетат или ја обликуваат кожата во работилниците. Секое парче облека го носи името на затвореникот што го изработил. Пиета користи природни, еколошки и рециклирани материјали, кашмир, свила и памук.

Облеката се состои од едноставни и минималистички резови, а секое парче е инспирирано од животната приказна на лицето кое го креира.

- Реклама -