Низ очите на сурферот

Ова  уникатно видео, снимено од гледната точка на сурфер, кој поминува низ налик бесконечно воден тунел од бран, дава нова перспектива на немирните води.

Ефектот е убав и речиси смирувачки,  па веројатно ќе ви предизвика кај вас блага (или не сосема) завист кон авторот на видеото.

Предметниот креатор е сурферот Бенџи Брант, а местото е брегот на скелетите на северното крајбрежје на Намибија – едно од најдобрите места за сурфање во светот.

Видеото е голем хит, а списанието  Surfing Magazine директно го прогласи за „најдобар GoPro клип снимен некогаш”.

- Реклама -