Се уште користите влошки или тампони? Треба да го прочитате ова

Што е она што секоја жена треба да го поднесе целиот свој живот?

 

Погодивте, менструалниот циклус. Во просек една жена ќе има период еднаш месечно, во траење од околу 5 дена, околу 40 години од својот живот. За време на овој период, треба да користат различни производи за да останат чисти и свежи. А индустријата на тампони и влошки е пазар од 718 милиони долари, бидејќи тие се неопходни.

Но, дали некогаш сте се запрашале за нивното произвотство и етичката вредност зад овие производи?

Тие се масовно произведувани, во голема мера рекламирани и ефтино правени, од избелена вискоза и пластика. Зошто нема реклами за многу побезбедните алтернативи? Сигурно не ни знаете дека имало алтернативни производи, ниту пак да помислите дека има потенцијален ризик од користењето на генерички производи за менструација.

Речиси сите влошки и тампони се направени од избледена вискоза, памук и пластика, па што мислите, колку се тие безбедни во или многу блиску до вашата вагина? А да не спомнуваме дека овие продукти оставаат зад себе влакна во вагината кои можат да предизвикаат инфекција во мочниот меур, вагинална инфекција и синдром на токсичен шок. Тампоните, исто така се познати дека ги апсорбираат природните течности и бактерии кои вагината ги произведува за да остане чиста и здрава.

Број 1 состојката во генеричките тампони и влошки е вискозата. Вискозата содржи влакна кои се направени од целулозни влакна. Целулозата е природен елемент, но за да се произведе вискоза се потребен хемиски процедури, кои вклучуваат: јаглероден дисулфид, сулфурна киселина, хлор и сода бикарбона. Несаканите ефекти од преголема изложеност на вискоза се: гадење, повраќање, болка во градите, главоболка и многу други. Влошките, исто така, содржат многу малку пластика, која дозволува доволно проток на воздух „таму долу“, па за возврат може да предизвика низа инфекции. Тампоните и влошките се избледувани користејќи хлор, што резултира со производство на диоксин, кој пак е поврзан со рак на дојка, ендометриоза, потиснување на имунолошкиот систем и разни други заболувања.

Па, кои се другите побезбедни опции?

Менструална чашка е првиот избор како алтернатива за тампони или влошки. Тоа е флексибилна силиконска чашка која се вметнува во вагината. Во основа, оваа чашка ја собира сета крв и се празни секои 12 часа за време на вашиот циклус и повторно се става. Знаеме што мислите… одвратно. Но, ова е најпрепорачливиот избор за вашиот месечен циклус, плус ги олеснува болките во стомакот (ПМС). Користете влошки додека не го усовршите процесот на ставање, а откако ќе ја совладате техниката ќе се прашувате зошто не сте го користеле ова многу порано. Не само што ќе заштедите голема количина на пари, туку ќе има и огромна корист на животната средина.

Screenshot_9

Друга одлична опција се влошките за повеќекратна употреба кои се направени од безбедни материјали, кои се високо апсорбирачки, лесно се перат и се достапни во различни големини и нивоа на проток.

Последната алтернатива се производи направени од органски памук, кои не се филтрирани низ хемикалии, и не содржат синтетички материјали.

- Реклама -