Home УмниБус Љубов и секс На што се „палат“ мажите?

На што се „палат“ мажите?

0

Ги привлекуваат само градите и задникот? Грешите, тие ги сакаат жените од глава до пети.

Врат

На мажите многу им се допаѓа кога жените ќе ја подигнат косата, поради тоа што на тој начин вратот доаѓа до израз. Овој дел од телото го фасцинира секој маж, затоа што кожата изгледа меко и нежно, а тоа ја поттикнува машката фантазија.

Раменици

За мажите убавите женски рамења треба да бидат убаво заокружени, а мускулите не смеат да бидат премногу дефинирани, затоа што ги возбудува женската кревкост.

Грб

Фустан или маица со длабок израз на грбот речиси магично ќе привлече машки погледи. Мажите обожаваат да го гледаат рбетот на женскиот грб. Имено, гордото држење, кое е потребно за тоа, кај него сигнализира голема самодоверба и уживање во сопственото тело, за тоа ја возбудува сексуално личноста.

Стомак

Мислите дека мора да биде сосема рамен? Заборавете на тоа. Голем број од мажите сметаат за сексуален лесно заоблен стомак. Негово, но и средиште на еротската фантазија е папокот.

Колкови

Жените со силуета во облик на песочен часовник, не смеат да ги кријат своите колкови. На мажите им се допаѓа оваа прекрасна женска градба.

Нозе

Ова е точка кај која што клишето е очигледно точно, добрите нозе, секогаш добро поминуваат. Тоа не значи дека мораат да бидат бесконечно долги и лудо тенки. Нив ги заведува убавиот од и негуваната кожа.

Усни

Секој заљубен маж обожава да ја гледа партнерката во усните. Тие се негова слабост.

Раце

Вашите раце имаат многу посилно делување отколку што сте мислеле. Доколку се нежни и меки, ќе го натераат мажот да сонува за нежно галење.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here