Пијалаци под микроскоп

Проектот Fingerprints of Drinkable Culture на уметникот Вилијам Легулион ги третира пијалаците како научни примероци. Тој создава необични уметнички дела од примероци од различни пијалаци гледани под микроскоп.

Вино

Според зборовите на уметникот, со Fingerprints of Drinkable Culture тој сакал да ја нагласи својата фасцинација со пијалаците, процесите низ кои тие минуваат пред да биде готов конечниот производ, како и деталниот изглед на различните течности што ги вкусуваме.

Кафе

Во процесот што тој го нарекува консумирање уметност, ги вклучил петте најпопуларни пијалаци: вино, пиво, кафе, чај и кока кола. Примероците ги оставал комплетно да се исушат на стаклата, а потоа ги фотографирал под микроскоп, со што создал впечатливи визуелни креации.

Пиво

Чај

- Реклама -