Фатиле алигатор тежок речиси половина тон

Во американската држава Алабама, група на ловци фатиле рекордно голем алигатор, 4,5 метри долг и тежок повеќе од 450 килограми.Џиновското животно било извлечено од водата на југот на Алабама во текот на сезоната на лов на алигатори.

Експертите успеале да ја измерат должината, но мерењето на неговата тежина било вистински предизвик.

Во првиот обид, вагата се скршила од тежината, така што биолозите морале да употребат багер за да го подигнат.

Овој алогатор е најголемиот некогаш пронајден. Го уловиле Менди и Џон Стокс и Кевин Џенскинс и нивните две деца Савана (16) и Паркер (14).

- Реклама -