Дел од мозокот останува засекогаш млад

И покрај природниот процес на стареење, дел од мозокот на човекот останува засекогаш млад, пишува „Медикал експрес”, повикувајќи се на резултатите од австралиско истражување.

Авторите од Универзитетот на Аделејд утврдиле дека во голем број визуелни и невизуелни задачи за проверка на просторното внимание , младите (18-38 години) и возрасните (55-95 години) доброволци се справиле на сличен начин.

Излегува исто така, дека тие пројавуваат исти реакции во извршувањето на задачи со учество на допир, вид и звук. Резултатите од истражувањето ги оспоруваат сегашните модели за когнитивно стареење, бидејќи покажуваат дека десната страна на мозокот останува доминантна за обработката на просторни информации во текот на целиот живот на возрасната индивидуа.

Според истражувачите некои типови когнитивни системи во десната хемисфера се врзуваат и соодветно се заштитени од стареење. Просторното внимание игра важна улога во голем број животни аспекти како одење, возење, држење и преместување на предмети.

- Реклама -