Едноставна навика на генијалниот Бетовен

Бетовен, како и многу други великани, знаел како да го унапреди квалитетот на својот живот и да ја подобри креативноста.

Шетањето е еден од начините кои што ќе ви го овозможат тоа. Имено, големиот композитор после секој ручек заминувал на долга прошекта во шумата. Задолжително со себе тој носел молив и неколку листови за да ги запише нотите кои што му доаѓале на ум. Сличен метод користеле и неговите колеги како Густав Малер и Бенџамин Бритн.

Научниците од Стенфорд докажале дека прошетката го поттикнува креативното размислување. Објаснувањето за тоа „лежи“ во неколку факти.

Одењето е најлесен и најбезбеден пат до доброто здравје на духот и телото. Предностите на одењето се во тоа што организмот подобро функционира, се врши подобра размена на материите и се диши повеќе кислород. Телото се релаксира и покрај малиот замор, па се враќа загубената сила. Експертите тврдат дека овој вид активност го подобрува квалитетот на живот за 27 проценти. Во текот на прошетката доаѓа до опуштање на ендорфин, хормон кој претставува „природна дрога“ која што предизвикува добро расположение.

Walk_In_New_York_2009_Prospect_Park_Brooklyn_Statue_Beethoven_1

Меѓутоа, одењето не го подобрува само здравјето, туку ја поттикнува и креативноста. Истражување објавено во  Journal of Expermental Psychology покажало дека прошетката ја стимулира креативноста за дури 60 проценти. Таа помага да останеме смирени и сконцентрирани во напнатите ситуации.

Бетовен и многу великани ја користеле прошетката како одмор. Така, по завршувањето на работата пожелно е да заминеме во прошетка и тогаш постои голема веројатност дека ќе дојде до моментот „Еурека“, бидејќи креативноста доаѓа кога се комбинираат напорната работа и анализата на направеното. Американски истражувачи открија дека енергичната прошетка три пати во седмицата го зголемува хипокампусот, важен дел од мозокот кој што влијае на краткотрајната и долготрајната меморија и анализа на примените информации.

beethovenwalk

Исто така, бројни истражувања кои биле спроведени на постари лица покажале дека шетањето е многу корисно за спречување на помненењето, но и за зачувување на способноста за учење.

Гледањето во компјутерот и напорната работа со која што сме окупирани ја блокираат креативноста. Природата и чистиот воздух му помагаат на мозокот да се одмори.

Познато е дека зелената боја е бојата на рамнотежа и дека прошетката одлободува од стрес. Истражувачите од Харвард покажуваат дека луѓето кои што редовно пешачат имаат помали проблеми со пронаоѓање на рамнотежата меѓу работниот и приватниот живот. Таквите луѓе подобро го распоредуваат времето, имаат повеќе самодоверба, поради што лесно доаѓаат до посакуваниот баланс.

- Реклама -