Свадба со камила, магаре или слон

Се повеќе парови се обидуваат да измислат нешто невообичаено за својата свадба. Заборавете на традиционалните фотосесии на позадината на убави егзотични градини или локални атракции, време е за нешто поинакво и навистина незаборавно.

Што ќе кажете за свадбена церемонија со слон, магаре или камила?

 

Да, има свадбени традиции ширум светот кои што задолжително вклучуваат и „свадбено” животно. Свадбата на слон е традиција која што доаѓа од Индија. Се смета дека да стигнеш на свадба седејќи на слон е голема привилегија што не секој може да си ја дозволи.

По традиција, младоженецот го  напушта домот и се упатува кон својата идна сопруга јавајќи на слон. Гостите одат заедно со младенците, за да ги придружуваат  кон почетокот на заедничкиот живот.

Свадба на магаре

Се работи за грчка свадбена традиција. Имено  по церемонијата, невестата и младоженецот треба да стигнат на свадба  јавајќи магариња, украсени со убави цвеќиња и други додатоци. Така тие преминуваат низ градот, а  крај нив одат пријателите и роднините.

Свадба со камила

Ова е древна арапска традиција наречена „зеффа”. Зеффа е египетски обичај при кој камилата ги  пренесува младоженците од куќата на невестата, во куќата на младоженецот. Тие се придружени од танчери, музичари и пејачи, а тука се секако и сватовите. И трите горенаведени традиции собираат мноштво луѓе надвор, за да го набљудуваат среќниот настан.

- Реклама -