Крем супа од моркови и пченка

За да го подготвите овој рецепт, потребни ви се:

450 г моркови
50 г пченка
1 глава кромид
30 г путер
50 г топено сирење
150 мл. млеко
2 г ким

Начин на подготовка

Ги чистиме и сецкаме морковите на тркалца, а потоа на ситни парчиња го сечеме и кромидот.

Во тенџере го загреваме путерот во кој што потоа ги додаваме  исецканиот кромид и моркови.

Ја додаваме пченката и смесата ја зтвораме под капак, додека зеленчукот подомекне (околу 5 минути), по што кон нив го додаваме млекото и малку вода, колку да ги покрие морковите.

Се дотура сол и бибер по желба. Вариме додека морковите сосема не омекнат.

Откако ќе се сварат морковите, го додаваме топеното сирење.

Пред крајот се меша супата со кујнски робот или блендер и се додава ким. Ако е премногу густа, можеме да додадеме млеко до добивање на саканата густина.

Одлично предјадење за летните денови.

- Реклама -