Има ли надеж? На сила стапи ново тридневно примерје во Газа

Во појасот Газа стапи во сила ново 72-часовно прекинување на огнот меѓу Израел и палестинските групи, соопштија светските агенции. Претходно вчера завојуваните страни го прифатија предлогот на Египет за прекин на огнот за три деноноќија, за да продолжат преговорите за трајно примирје.

Ова е втор 72-часовен прекин на огнот за помалку од една недела.

Дваесет и седум Палестинци беа убиени на крајот на првиот прекин во петокот наутро и почетокот на новиот, забележуваат агенциите. Пет минути пред прекинот на огнот да влезе во сила, „Бригадите на Изедин ал Касам” – вооруженото крило на Хамас, истрела неколку ракети од Појасот Газа врз Израел.

На полноќ израелските борбени авиони ги прекинаа ударите против палестинската енклава. Ако овој прекин на огнот се задржи, Израел повторно ќе испрати делегација во Каиро за продолжување на преговорите со Палестинците.

- Реклама -