„Вока Пипл“ ја воодушевија публиката на „Охридско лето“ (ВИДЕО)

Луѓето во бело, израелската атракција „Вока Пипл“ синоќа со прекрасно шоу ја одушеви публиката во Античкиот театар во Охрид.

Нивното мото „животот е музика и музиката е живот“ уверливо одекна и ја крена публиката на нозе. Еве како изгледаше дел од концертот организитан од „Охридско Лето“.

Ансамблот кој претставува нов исклучителен интернационален вокално-театарски перформанс ,  комбинирајќи ги вокалните звуци и а-капела пеењето со уметноста на модерниот битбокс,имитирајќи ги звуците на цел оркестар,од тапани,до гитари,труби и други инструменти,синоќа ги освои срцата на фестивалската публика која со долг и громогласен аплауз ги испрати од сцената.

„Вока Пипл“ за себе велат дека се вонземјани кои потекнуваат од далечната планета Вока,каде што главниот начин на комуникација не е говорот, туку пеењето, звуците и вокалната експресија.

Тие со својот настап во Античкиот театар уште еднаш покажаа зошто за толку краток период станаа светска атракција и зошто само за три години имаа над еден милион посетители на нивните настапи на повеќе континенти и повеќе од 50 милиони прегледувања на Јутјуб.

Шоуто на овој ансамбл чиј настап во Охрид долго ќе се памети цела година беше дел од театарот „Оф Бродвеј“ во Њујорк,а во 2012-та година ја освоија наградата „Лосил Лортел“ за извонредно алтернативно доживување.

- Реклама -