Историјата на вселенските достигнувања во едно видео

Човештвото постигна многу од истрелувањето на првиот вештачки сателит на Земјата до денес, а претстојат уште толку нови откритија засега!Денес ќе ве запознаеме со едно многу интересно видео кое што ги прикажуав  светските вселенски достигнувања , од првото лансирање во 1957-ма година од страна на СССР, до приватните вселенски летови на Virgin Galactic со бродот SpaceShipTwo . Се разбира, видеото не завршува таму – има уште многу работи кои претстојат во догледна и не толку блиска иднина како првите летови на луѓе до Марс, употребата на астероиди за ресурси (што се очекува, како што се гледа од видеото, околу 2060 – та година) и други.

Интересно е да се обрне внимание на некои конкретни работи од ова видео, како на пример Google Lunar X PRIZE: програма, која сака да го поттикне повторно истражувањето на Месечината.

За да ги погледнете сите достигнувања, како и оние кои што претстојат, еве го и видеото:

- Реклама -